Патувањата кон Европа влегуваат во нова ера, откако Европска Унија најави целосна примена на нови системи за контрола на влез и излез на границите. Од 10 април, системот EES ќе започне да функционира со полн капацитет, овозможувајќи детално следење на сите патници.
Но, тоа е само почетокот. Од крајот на 2026 година, задолжителен ќе стане и ETIAS – дигитална дозвола за патување која ќе мора да ја поседуваат сите посетители од земји кои досега патувале без виза.
Апликацијата ќе се пополнува онлајн и ќе бара внесување на лични податоци, информации за патувањето, како и одредени биометриски информации. Системот автоматски ќе ги анализира податоците и ќе ги споредува со безбедносни и здравствени индикатори, со цел да процени потенцијални ризици.
Во одредени случаи, патниците може да бидат повикани да дадат дополнителни информации или да поминат низ дополнителни проверки. Иако процесот ќе биде автоматизиран, конечната одлука за влез сепак ќе ја носат граничните служби.
Експертите предупредуваат дека неподготвеноста може да значи одбивање на влез, па затоа се препорачува навремено аплицирање и внимателно пополнување на податоците.










