ПРВ.мк

93 пациенти повредени во пожарот во Кочани закрепнаа, уште 100 се лекуваат во странство и во домашните болници

93 пациенти повредени во пожарот во Кочани закрепнаа, уште 100 се лекуваат во странство и во домашните болници
Jumbo Banner

Од вкупно 193 повредени во пожарот во Кочани, 93 пациенти закрепнаа и заминаа на домашно лекување, а во болниците во странство и кај нас се лекуваат уште 100 пациенти. Министерот за здравство Арбен Таравари утрово кажа дека е подобрена состојбата на еден од четворицата пациенти кои се во критична состојба.

„Имаме добри вести. Вкупно ни остануваат од 193 пациенти за среќа само 100 пациенти кои се лекуваат од кои за среќа денеска имаме само тројца критични. Во Македонија се лекуваат 20 пациенти. На Клинички центар петмина, во Стара градска седуммина, петмина во ГОБ ‘8 Септември’ и тројца во приватните болници. Надвор од државата се лекуваат 80 пациенти и денеска се враќаат уште двајца пациенти. Имаме најава за враќање на повеќемина пациенти до крајот на неделата“, рече министерот Таравари.

Еден од пациентите кои цело време се во критична состојба, министерот Таравари кажа дека сега е многу подобар но нагласи дека здравствената состојбата на овие пациенти постојано се менува.

Двајцата пациенти кои беа на лекување во странство, а денес се враќаат се од Полска и Белгија.

ELS
Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран