Според последните информации од УХМР, денеска времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, додека на планините ќе има снег. Најобилни врнежи се очекуваат во југоисточните делови од земјата, каде може да се соберат над 20 литри на метар квадратен.
Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите ќе преминат во снег на повисоките места, а исто така и на некои од пониските региони. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Во Скопје се очекува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд.
Под влијание на циклонска активност, во текот на ноќта и утре повторно ќе има повремени врнежи, дожд и снег, особено на планините. Во понеделник се очекуваат слаби врнежи од дожд и снег на одредени места.
Следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека нови врнежи од дожд, а на планините снег, се најавени за четврток и петок. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст од вторник.

















