ПРВ.мк

Трогателни сведоштва од снимањето на филмот: Страдањата на Исус Христос

Трогателни сведоштва од снимањето на филмот: Страдањата на Исус Христос
Jumbo Banner

Филмот „The Passion of the Christ“, режиран од Mel Gibson, стана еден од највлијателните филмови во историјата на кинематографијата, но патот до неговото создавање беше полн со невозможни предизвици и жртви. Jim Caviezel, актерот кој ја презеде улогата на Исус Христос, се соочил со серија тешки физички и емотивни страдања за време на снимањето.

Mel Gibson го предупредил Caviezela дека улогата ќе биде неверојатно тешка и може да го означи крајот на неговата холивудска кариера. Но, Jim не се повлекол. Неговото решение беше едноставно: „Мислам дека треба да го направиме овој филм, иако е тешко“. Тој, исто така, забележал дека има 33 години, исто колку што бил Исус кога бил распнат, и дека неговите иницијали се исти како на Исус Христос: J.C.

Снимањето траело 8 недели, а сцената на распнување била најтешката, која се снимала цели 35 дена. За време на снимањето, Jim Caviezel изгубил 20 килограми, бил удрен од гром, случајно бил удрен со бич два пати, што му оставило рана од 35 см, скоро го изгубил видот, издишал рамо, имал пневмонија и хипотермија, бидејќи часови стоел гол на крстот.

„Не сакам да ме гледаат мене, сакам да гледаат Исус Христос. Тоа е единствениот начин на кој ќе поверуваат и ќе се обратат“, изјавил тој во текот на снимањето.

ELS

Љука Лионело, актерот кој го глумел Јуда, бил атеист. По снимањето, се обратил и се крстил, а тој и неговите деца се крстиле. Еден техничар од снимачката екипа, кој бил муслиман, исто така се обратил и станал христијанин.

„The Passion of the Christ“ бил најскапиот филм во историјата на кинематографијата со буџет од 370,8 милиони долари, но заработил 611 милиони долари. Mel Gibson лично вложил 30 милиони долари од своите средства, бидејќи ниту една филмска студија не сакала да го преземе овој тежок, скап и ризичен проект.

Jim Caviezel пред и по улогата на Исуса Христос се различни личности. Кога вистински го сретнеш Исус Христос, не можеш да останеш ист. Ти се менуваш. Ти си трансформиран. Засекогаш.

Филмот постигнал огромен успех и променил животи на милиони луѓе низ светот. Mel Gibson најави дека ќе започне со снимање на „The Passion of the Christ 2: Ускрснување“.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран