Древна книга пронајдена во Тајните архиви на Ватикан го предвидува крајот на светот во 2027 година?
Книга стара околу 900 години, пронајдена во Тајните архиви на Ватикан, повторно го привлече вниманието на јавноста поради своето наводно пророштво за Судниот ден. Според написите, крајот на светот може да се случи веќе во 2027 година, објави Daily Mail.
Станува збор за христијанско верување во повторното доаѓање на Исус Христос, кога, според верувањето, тој ќе пресуди кој ќе биде спасен, а кој осуден. Овој датум го предвидел свети Малахија – ирски надбискуп од 12 век, познат по своите верски реформи и настојување за приближување на ирската црква кон римската пракса.
Малахија се смета за автор на мистериозниот текст Пророштвото за папите, во кој се содржани 112 кратки латински фрази за кои се верува дека го опишуваат секој римски папа, почнувајќи од Целестин II во 1143 година, па сè до, наводно, последниот – покојниот папа Франциско.
Текстот бил повторно откриен дури во 1595 година од страна на бенедиктинскиот монах Арнолд Вион, кој тврдел дека ги пронашол ракописите на Малахија во ватиканските архиви. Особено внимание предизвикува последниот запис, кој гласи:
„Во последниот прогон на Светата римска црква ќе владее Петар Римјанинот, кој ќе го пасе своето стадо среде многу маки, по што градот на седумте рида ќе биде уништен, и Страшниот Судија ќе му суди на народот. Крај.“
Интересен е фактот што еден од потенцијалните наследници на папата Франциско носи токму слично име – Питер Ендо, што ги поттикна шпекулациите дека токму тој би можел да биде „Петар Римјанинот“ од пророштвото.
Има различни толкувања – некои сметаат дека Петар ќе стане папа поради влошената здравствена состојба на папата Франциско, додека други веруваат дека Малахија всушност прорекол дека Франциско е последниот папа во историјата на црквата.
Иако некои историчари и истражувачи тврдат дека текстот е фабрикуван во 16. век со политички мотиви, други веруваат дека е напишан од Малахија уште во 1139 година, по визија што ја добил за време на посетата на Рим.
Сомнежите во автентичноста на текстот произлегуваат од фактот што описите на папите до 1590 година се исклучително прецизни и конкретни, додека потоа фразите стануваат нејасни и подложни на повеќекратни толкувања. И покрај тоа, дури и денес може да се препознаат фрапантни поклопувања, што само го зголемува мистицизмот околу ова контроверзно пророштво.