Џејми Катмул, финансиски експерт со 16 години искуство во медиумите, во колумна за “Make It” сподели увид од повеќе од 100 интервјуа со милионери.
Тековниот подкаст The Richer Way го покренал со јасна цел: да им помогнe на луѓето да ја преземат контролата над своите финансии.
“Кога ги интервјуирав успешните претприемачи и лидери од различни индустрии, забележав некои заеднички карактеристики: сите се харизматични, знаат да делегираат, фокусирани се и не чекаат на среќа, туку ја создаваат сами.”
Еве четири навики што ги споделуваат:
Не се плашат од неуспехот
Ричард Брансон, основач на Virgin групата, рече: “Не учиш да одиш следејќи правила. Учиш така што се обидуваш, паѓаш и стануваш.” Барбара Коркоран, инвеститорка, додава дека е важно да не се сомневаш во себе, а Ким Кијосак, основач на Rich Dad Company, го истакнува моментот кога нејзиното откажување од работа ја натерало да се посвети на изградба на кариера во недвижности.
Извонредна дисциплина
Џаспит Синг, основач на Minority Mindset, нагласува дека дисциплината е клучот за успехот: „Треба сериозна дисциплина да станеш кога не ти се станува, да работиш повеќе и подолго, и да продолжиш дури и кога другите велат дека претеруваш.“
Не дозволуваат минатото да ги дефинира
Дерик Феј, основач на 3F Management, и Линет Калфани-Кокс, финансиски тренер, зборуваат за тешкотиите од детството. Тие ги прифаќаат своите тешки искуства како лекции што ги градат како личност и воопшто не ги дефинираат.
Не бегаат од проблемите
Суз Орман, финансиска експертка, вели дека големите предизвици често носат најголеми можности за раст. Таа споделува како, по откривањето на бениген тумор, не дозволила стравот да ја парализира. Наместо тоа, таа се соочила со предизвикот и направила промени што целосно и го промениле животот.
Овие луѓе ги покажуваат клучните принципи за успех: храброст, дисциплина, искреност и способност да се соочат со предизвиците.