ПРВ.мк
Магазин

Од болка до мисија: Со уметност и солидарност започна Фондацијата „Фросина Кулакова“

Од болка до мисија: Со уметност и солидарност започна Фондацијата „Фросина Кулакова“
Kristal

Со емотивна донаторска вечер под наслов „Threads of Light“, официјално започна со работа Фондацијата „Фросина Кулакова“ – иницијатива што ја претвора личната трагедија во јавен повик за промена. Настанот обедини уметници, културни работници и граѓани околу идејата дека уметноста не е само убавина, туку моќен глас за одговорност, сеќавање и општествена свест.

Во рамки на вечерта беа изложени и понудени на хуманитарна аукција дела од домашни автори од различни креативни области – сликарство, скулптура, дизајн, мода и применета уметност. Секое дело носеше своја приказна, а сите заедно испратија силна порака за заедништво и надеж.

Средствата собрани од настанот ќе се користат за развој на програмите на Фондацијата, со фокус на психосоцијална и правна поддршка за семејствата погодени од сообраќајни трагедии, како и создавање фонд за поддршка на млади талентирани уметници кои се соочуваат со социјални или финансиски бариери.

Посебен момент на вечерта беше изведбата на химната „Фросина“, отпеана од Хорот ФРИДА под диригентство на Сузана Турунџиева, со текст на Огнен Неделковски – музичка почит што ја спои тагата со надежта и повикот за промена.

На настанот присуствуваше и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој истакна дека Фондацијата носи значајна мисија во унапредување на безбедноста во сообраќајот, јакнење на законската заштита и поддршка на младите.

Донаторската вечер „Threads of Light“ е првиот чекор на Фондацијата „Фросина Кулакова“ – почеток на долгорочна иницијатива во која уметноста и човечката солидарност стануваат двигатели на вистинска општествена промена.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo