Астролошки профил: Кои два хороскопски знака најбрзо „експлодираат“?
Сите понекогаш се лутиме, но кај некои луѓе бесот избувнува побрзо отколку што може да се доврши реченицата. Нивната лутина не мора да биде злобна, но е интензивна, непредвидлива и тешко се контролира кога еднаш ќе се активира. Според астролозите, два хороскопски знака се особено познати по тоа што немаат „филтер“ кога нешто ќе ги извади од такт – а нивниот излив на бес често доаѓа ненадејно и без најава.
Овен
Личностите родени во знакот Овен се импулсивни, страствени и директни – и не се обидуваат да го прикријат тоа. Кога нешто не им одговара, го кажуваат веднаш, без разубавување и без размислување за последиците. Кога се лути, нивната реакција е бурна, гласна и обично краткотрајна, но во моментот на избувнување е тешко да се дојде до збор. Овните не поднесуваат одолговлекување, неправда или пасивност, па лесно се разгневуваат – и кога тоа ќе се случи, „горат“ сè околу себе. Добрата вест? Бесот им минува брзо, но штетата честопати е веќе направена.
Шкорпија
Бесот на Шкорпијата е од поинаков калибар – тивок, длабок и опасен. Кога се лутат, тие не викаат веднаш. Наместо тоа, емоциите им зовриваат одвнатре, додека не дојдат до точката на пукање. Лутина што се акумулира во нив обично е придружена со доза осветољубивост. Шкорпијата нема веднаш да возврати, но нема ни да заборави – што може да биде уште поопасно. Кога конечно ќе „експлодираат“, тоа е ладна, пресметана експлозија што секогаш погодува таму каде што најмногу боли.