Ако имате проблеми со мравки и лебарки во домот, испробајте едноставен трик со паста за заби и шеќер. Оваа природна метода ефективно го решава проблемот без употреба на штетни хемикалии.
Сѐ што треба да направите е да измешате 3 лажички шеќер, 4 лажички брашно, 3 лажички паста за заби и 3 лажички вода, а потоа направете мали топчиња. Поставете ги на местата каде што сте забележале инсекти, како што се кујната или оставата.
Шеќерот ги привлекува инсектите, додека пастата за заби влијае на нивниот систем за варење, уништувајќи ги постепено.
Оваа метода е безбедна, природна и многу евтина, а можете да ја користите без да се грижите за децата или миленичињата.
Повторувајте го процесот два до три пати неделно додека не забележите резултати.