Дали и вие сте поспани, уморни, дали ви одговара ова промена на времето или не баш? Доколку немате енергија како обично или се чувствувате постојано поспано, можеби ве победил пролетниот умор.
Многумина овие денови се прашуваат како да се справат со промените на времето, но и годишните времиња, а тоа го објасни за ТВ Прва д-р Бисерка Обрадовиќ.
„Комбинацијата на пролетниот умор и промената на времето навистина има влијание на нас. Многу луѓе овие денови се чувствуваат исцрпено со вртоглавици и главоболки. Наместо да бидеме расположени поради убавото време, ние сме уморни, летаргични, деконцентрирани, безволни, а сите овие се симптоми на наглото доаѓање на пролетта“, истакна д-р Обрадовиќ и додаде:
„Пролетниот умор е состојба која настанала како последица на зимскиот начин на живот. За време на зимата се храневме главно со јаглехидрати, а помалку консумиравме овошје, зеленчук и витамини Ц, Б и витамин Д, кој е особено одговорен за пролетниот умор. Луѓето во текот на зимата повеќе спиеа, а сега ни треба време за да се прилагодиме на пролетните услови.“
Докторката откри и како можеме да го победиме пролетниот умор.
„Корисно е да внесуваме витамин Д, и тоа не само преку суплементи, туку и да поминуваме по 15 минути на директна сончева светлина секој ден. Има многу свежо овошје и зеленчук, внесувајте што повеќе витамини и минерали, исто така внесувајте доволно течности. Многу е важно и редовното физичко вежбање, и тоа умерено, во согласност со нашите години и здравствени состојби. По секоја физичка активност мораме да ги истегнеме нашите мускули“, објасни д-р Бисерка Обрадовиќ за ТВ Прва.