ПРВ.мк

Поскапуваат горивата: Ова се новите цени на горивата од полноќ

Поскапуваат горивата: Ова се новите цени на горивата од полноќ
Jumbo Banner

Од ноќеска на полноќ, цените на бензините ќе се зголемат за 1,5 денари, додека цената на дизел горивата ќе порасне за еден денар по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ). Со оваа одлука се зголемуваат малопродажните цени на нафтените деривати за просечно 1,84 отсто во споредба со претходната одлука.

Новите малопродажни цени се:

ЕУРОСУПЕР БС – 95: 76,5 денари за литар

ЕУРОСУПЕР БС – 98: 79 денари за литар

ELS

ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 69 денари за литар

Екстра лесно масло за горење (ЕЛ-1): 69 денари за литар

Дополнително, со одлуката на РКЕ, малопродажната цена на Мазутот М-1 ќе се зголеми за 0,95 денари по килограм и ќе изнесува 41,705 денари.

Од РКЕ нагласуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка покажуваат зголемување:

Бензините пораснале за 3,381 отсто

Дизелот за 1,884 отсто

Екстра лесното масло за 1,987 отсто

Мазутот за 2,396 отсто

Исто така, курсот на денарот во однос на доларот, по кој беа формирани цените со претходната пресметка, е повисок за 0,7218 отсто.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран