Од 00:01 часот на 29 април 2025 година, малопродажните цени на некои горива ќе се зголемат, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се зголемат за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе порасне за 1,50 ден/лит, додека цената на Мазутот М-1 НС ќе се зголеми за 0,375 ден/кг, со нова цена од 37,155 ден/кг.
Од полноќ, малопродажните цени ќе бидат следни:
ЕУРОСУПЕР БС-95: 73,50 ден/лит,
ЕУРОСУПЕР БС-98: 75,50 ден/лит,
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 66,00 ден/лит,
Екстра лесно масло за горење (ЕЛ-1): 65,50 ден/лит.
РКЕ напоменува дека овие цени претставуваат максимални цени за нафтените деривати од 29 април 2025 година, и дека трговците на големо и мало можат да ги формираат своите цени пониско од овие максимални вредности.