ПРВ.мк
Економија

УБАВА ВЕСТ ОД ВЛАДАТА: Уште една група вработени ќе добие повисоки плати - еве од кога!

УБАВА ВЕСТ ОД ВЛАДАТА: Уште една група вработени ќе добие повисоки плати - еве од кога!
Kristal

Фондот за здравствено осигурување останува цврсто определен кон континуирано зголемување на платите во јавното здравство, како клучен предуслов за правилно вреднување на трудот и за унапредување на квалитетот на здравствените услуги. Ова го истакна директорот на ФЗО, Сашко Клековски, на денешната прес-конференција во Владата.

Тој нагласи дека во изминатиот период платите во здравствениот сектор се зголемени кумулативно за 17 проценти, преку две етапи – во ноември 2024 и во март 2025 година. Според Клековски, најзначително зголемување е забележано кај понискиот и средниот здравствен кадар, со што се прави обид да се намали долгогодишниот јаз во примањата и да се подобрат условите за работа.

Посебно внимание беше посветено и на матичните лекари, кај кои капитацискиот надомест е зголемен за 33 проценти, што, според ФЗО, претставува сериозен чекор кон стабилизирање на примарната здравствена заштита и задржување на лекарите во системот.

Клековски најави дека во март годинава, во согласност со постигнатиот договор со синдикатите, ќе следува ново процентуално зголемување на платите, со што повторно ќе се изврши корекција и подобро вреднување и на лекарскиот кадар.

Во делот на контролите, директорот на ФЗО информираше дека досега нема евидентиран поврат на незаконски исплатени надоместоци во јавните здравствени установи. Тој предупреди дека при повторни контроли ќе следуваат санкции за сите установи кај кои ќе се утврдат неправилности.

Истовремено, Фондот работи на дигитализација на контролниот механизам, со цел воспоставување поефикасен систем за следење, санкционирање, но и наградување на здравствените установи кои доследно ги почитуваат законските правила и финансиската дисциплина.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo