ПРВ.мк

Загина возач на камион од тетовско

Загина возач на камион од тетовско
Jumbo Banner

46-годишен возач од тетовското село Желино загинал вчера попладне на локален пат во скопско, кога со камион излетал од патот, соопшти полицијата. 

„На 22.04.2025 во 17:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат од с.Горњане кон с.Блаце, скопско, товарно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Ш.(46) од с.Желино, тетовско, излетало надвор од коловозот. Од здобиените повреди на местото на настанот починал Б.Ш., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција“, велат од МВР.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран