Во разорен пожар што избувна во трговски објект во строгиот центар на Карачи, животот го загубија шест лица, а уште 11 се повредени, пренесе агенцијата „Ројтерс“.
Огнената стихија започнала во саботата навечер во трговскиот центар „Гул Плаза“ и за кратко време се проширила од приземјето кон повисоките катови, зафаќајќи речиси цела зграда. Поради интензитетот на пожарот, пламените јазици и густ чад биле видливи од поголема оддалеченост.
Противпожарните служби со часови интервенирале за да го локализираат пожарот и да спречат негово проширување кон околните објекти, бидејќи станува збор за густо населена и фреквентна деловна зона. Во текот на интервенцијата, голем број граѓани и сопственици на продавници се собрале околу објектот, загрижени за штетите.
Од Цивилната болница во Карачи информирале дека кај нив се донесени шест безживотни тела и 11 лица со повреди, додека полицијата веднаш ги активирала протоколите за постапување при масовни несреќи. Според локалните медиуми, делови од зградата почнале да се уриваат, а постои и сериозна опасност од целосен колапс на конструкцијата.

















