ПРВ.мк
Црна Хроника

(ВИДЕО) Поплави во Австралија - овие места се најпогодени и се вршат евакуации!

(ВИДЕО) Поплави во Австралија - овие места се најпогодени и се вршат евакуации!
Kristal

Обилните дождови што ја зафатија источната австралиска сојузна држава Нов Јужен Велс предизвикаа сериозни поплави, при што 20 лица беа спасени од надојдени води, соопштија локалните власти.

Во Сиднеј, доцна во саботата, беше извршена евакуација на жители и туристи од ниското предградие Нарабин, поради опасност од ненадејни поплави. Екипите за итни интервенции реагирале на повеќе од 1.400 повици низ целата држава, најчесто за спасување лица кои се обиделе да возат низ поплавени улици.

„Имаше голем број ненадејни поплави што доведоа до затворање на патишта, а очекуваме дел од нив да останат затворени до понатамошно известување“, изјави заменичката комесарка за итни служби Соња Ојстон.

Државната метеоролошка служба соопшти дека во северниот дел на Сиднеј навлегле 72,4 милиметри дожд за само два часа, а предупредувањата за нови бури јужно од градот остануваат на сила и за недела.

За време на невремето, една жена загина откако врз неа паднала гранка од дрво во близина на Волонгонг, околу 66 километри јужно од Сиднеј, јави јавниот сервис „Еј-би-си“.

Властите апелираат граѓаните да ги следат безбедносните препораки и да не се движат низ поплавени подрачја.

ЛИНК ОД ВИДЕОТО

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo