На 26.05.2025 година во 20:45 часот на улица ,,174“ во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го привеле Х.К.(47) од с.Мала Речица, тетовско. Кај него при преглед бил пронајден и одземен нож. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 80 од Закон за оружје.