ПРВ.мк
Црна Хроника

СВЕТОТ ВО ЖАЛОСТ: Лавини одзедоа пет животи - еве уште колку се повредени!

СВЕТОТ ВО ЖАЛОСТ: Лавини одзедоа пет животи - еве уште колку се повредени!
Kristal

Австрија – Две одделни лавини во саботата одзедоа пет животи, информира портпаролка на планинската спасувачка служба од покраината Салцбург.

Во попладневните часови, лавина ја погоди групата на врвот Финстеркопф на надморска височина од 2.150 метри во долината Гросарл. Четворица членови од скијачката група биле пронајдени мртви, додека три лица се здобиле со тешки повреди.

Истиот ден, уште една лавина во областа Бад Хофгастајн одзела живот на една жена.

Спасувачките екипи апелираат до сите скијачи и планинари да ги следат временските предупредувања и безбедносните препораки поради нестабилните снежни услови и зголемениот ризик од лавини.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo