ПРВ.мк
Црна Хроника

СИСТЕМОТ ПОД ЛУПА: Средношколец од Прилеп бришел податоци во е-дневникот - еве како го правел тоа!

СИСТЕМОТ ПОД ЛУПА: Средношколец од Прилеп бришел податоци во е-дневникот - еве како го правел тоа!

ОВР Прилеп поднесе известување против ученик во средно училиште од Прилеп, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „компјутерски фалсификат“, во случај кој открива сериозен пропуст во дигиталната безбедност на образовниот систем.

Според информациите, пријавениот преку лажно претставување креирал профил и се претставил како наставник по англиски јазик од основно училиште во Виница. На тој начин стапил во контакт со вработена во Министерство за образование и наука, која, верувајќи дека станува збор за службена комуникација, му укажала дека разговори со наставници не треба да се водат преку социјални мрежи.

Во текот на комуникацијата, таа му креирала официјална електронска адреса на Министерството и му доделила пристапни лозинки за системот е-дневник, вклучително и администраторски права од нејзината корисничка сметка. Дополнително, му било наложено да координира комуникација со наставници.

Со ваквите пристапи, пријавениот, според истрагата, добил можност за увид во податоци од наставници на државно ниво, како и да учествува во нивна координација преку системот.

Во периодот од 2022 година до ноември 2025 година, сè до моментот кога поранешна в.д. директорка била информирана за сомнителни промени во податоците, случајот не бил детектиран. Таа пријавила дека одредена професорка забележала бришење на податоци од електронскиот дневник во училиштето.

По ова, според пријавата, ученикот ги избришал сите профили и траги од лажниот кориснички идентитет на социјалните мрежи, а подоцна бил избришан и службениот мејл поврзан со системот на Министерството.

Случајот се истражува, а по негово целосно документирање ќе следуваат соодветни правни постапки.