ПРВ.мк

„Штекли“ падна: Седуммина веќе осудени, главниот организатор одбил спогодба

„Штекли“ падна: Седуммина веќе осудени, главниот организатор одбил спогодба
Vero

Собрани се сите докази против организираната криминална група која, според Обвинителството за гонење организиран криминал, ја предводел Раде Трајковски — Штекли. Групата броела 17 членови, кои се гонат за неовластена трговија со кокаин и марихуана. Дрогата се складирала по станови и се продавала на улица, преку интернет и во ресторани, а една од локациите каде што се продавала била и скопски Аеродром.

Од групата, седуммина веќе ја признале вината и склучиле спогодби со Обвинителството, добивајќи казни од 3 до 4 години затвор. Станува збор главно за препродавачи кои биле фатени со мали количини на дрога.

Според Обвинителството, групата била организирана и со јасна хиерархија — од набавка и складирање, до пакување, транспорт и продажба на дрогата. Кокаинот се продавал по цена од 4.500 до 6.000 денари за грам, а марихуаната по 200 до 300 денари. Парите од продажбата му се предавале на првообвинетиот Трајковски, кој потоа ги наградувал останатите и давал насоки за ширење на мрежата.

Штекли бил уапсен откако било добиено сознание дека подготвува бегство. При претресите кај него не била пронајдена поголема количина дрога, но видео надзорите го откриле моментот кога ги отстранува „целите коцки“ пред влезот на полицијата. Две биле пронајдени во стан, а три во бункер со специјално изработена скривница.

Додека дел од обвинетите молчат или негираат вина, други веќе се спогодиле. И Трајковски добил понуда за спогодба, но ја одбил поради висината на казната што му била понудена. Против него ќе се води судска постапка во Кривичниот суд.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран