ПРВ.мк
Црна Хроника

ШОК ВО Македонија: Се проширува случајот со „серискиот убиец“ – нови жртви и нови обвинувања ја тресат истрагата

ШОК ВО Македонија: Се проширува случајот со „серискиот убиец“ – нови жртви и нови обвинувања ја тресат истрагата

Истрагата за 25-годишниот осомничен од Старо Нагоричане добива сè пошироки размери, откако обвинителството потврди дека тој сега е поврзан со уште две нови убиства на жени и два обиди за убиство. Со тоа, против него се води постапка за вкупно шест кривични дела – четири завршени убиства и две обиди.

На брифингот беше истакнато дека станува збор за редок и тежок случај, кој обвинителството го опишува како прв регистриран пример на серијски убиец со елементи на фемицид, бидејќи сите жртви биле жени и нападите, според досегашните докази, биле родово мотивирани.

Обвинителот Љубомир Лапе соопшти дека новите докази ја прошириле истрагата и дека осомничениот делувал по сличен образец, добро го познавал теренот и ги избирал локациите внимателно.

Паралелно, МВР поднело пријави и против двајца лекари од Општа болница Куманово, кои се товарат за „несовесно вршење на службата“, бидејќи се утврдени неправилности во утврдувањето на причините за смртта.

Психијатриското вештачење покажало дека 25-годишникот бил целосно свесен, пресметлив и без психичко заболување што би го исклучило од одговорност.

Истрагата опфаќа период од 2023 до 2026 година, при што се утврдени четири убиства: две жени во јануари 2026, едно убиство во јануари 2025 и едно во јуни 2025 година, како и два обиди за убиство во 2025 и 2026.

Обвинителството најави дека истрагата продолжува и наскоро се очекува поднесување на обвинителен акт.