ПРВ.мк

Пукање на плоштадот во Штип – тешко ранет турски државјанин

Пукање на плоштадот во Штип – тешко ранет турски државјанин
Jumbo Banner

Вечерва на градскиот плоштад во Штип се случила вооружена пресметка, во која едно лице било тешко повредено.

Според првичните информации, по вербална и физичка расправија помеѓу неколку лица, едно лице – турски државјанин било застрелано. Неофицијално, повредениот носел нож, по што другото лице употребило огнено оружје.

Ранетиот бил итно пренесен во Брзата помош. Полицијата работи на расчистување на случајот, а повеќе информации се очекуваат наскоро.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран