ПРВ.мк

Нема настрадани во инцидентот меѓу воз и автомобил кај Зелениково

Нема настрадани во инцидентот меѓу воз и автомобил кај Зелениково
Jumbo Banner

Министертвото за внатрешни работи вечерва соопшти детали за сообраќајната незгода што денеска се случи меѓу воз и автомобил на железничкиот премин кај скопско Зелениково.

Информираат дека случајот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје е пријавен во 18,10 часот и дека полициските екипи веднаш се упатиле на местото на настанот.

Незгодата се случи кај селото Зелениково меѓу патничко возило „тојота“ и воз. Возилото е управувано од Ж.М.К. (51) од Скопје, а возачот на возот е С.М., велат од МВР.

Во незгодата, како што велат од полицијата, нема повредени лица, иако првичните неофицијални информации од очевидци говореа за едно повредено лице.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран