ПРВ.мк
Црна Хроника

Македонскиот спорт изгуби легенда – замина гласот што ги раскажуваше нашите победи!

Македонскиот спорт изгуби легенда – замина гласот што ги раскажуваше нашите победи!

Македонската спортска јавност се простува од Сами Адеми – долгогодишен новинар, коментатор и еден од доајените на спортското новинарство.

Веста за неговата смрт ја сподели Фудбалската федерација на Македонија преку емотивна објава на социјалните мрежи, потсетувајќи на неговата посветеност кон спортот и македонската репрезентација. „Замина тивко, како што знаат да заминат големите,“ напишаа од ФФМ.

Адеми со децении беше препознатлив глас на спортските преноси, особено преку МТВ 2. Тој беше сведок на најзначајните натпревари и успеси, но и на најтешките моменти на македонскиот спорт. „Гласот што со децении ги раскажуваше нашите натпревари, човекот што ја живееше репрезентацијата и беше таму кога се славеше и кога беше најтешко,“ стои во објавата на Федерацијата.

Од ФФМ додаваат дека Адеми не бил само хроничар на спортските случувања, туку и дел од самата спортска приказна. „Од МТВ 2, од стадионите, од секоја спортска приказна, Сами не беше само сведок, туку дел од играта,“ наведуваат тие.

Неговото име ќе остане запаметено како дел од историјата на македонското спортско новинарство. Колегите, спортистите и љубителите на спортот ќе го паметат по професионалноста, смиреноста и љубовта кон спортот.

„Ќе недостига. Почивај во мир, Сами,“ е пораката што денес ја споделуваат сите што го познаваа и го слушаа неговиот глас.