ПРВ.мк
Црна Хроника

Контрола на автобус заврши со апсење за давање поткуп - еве колку евра оставил во документите и што прикривал!

Контрола на автобус заврши со апсење за давање поткуп - еве колку евра оставил во документите и што прикривал!

Во раните утрински часови денеска (24.05.2026) на подрачјето на Куманово – Полициска станица Крива Паланка, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција запреле автобус со косовски регистарски таблички.

Според информациите, автобусот „Мерцедес“ бил управуван од државјанин на Турција, додека како водич се наоѓал Н.Ц. од Косово.

При гранична контрола било утврдено дека водичот приложил патна исправа во која била пронајдена банкнота од 50 евра, по што постои сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“.

Н.Ц. е лишен од слобода и спроведен во Полициската станица Крива Паланка, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопштија надлежните органи.