На 06.05.2025 во 23.00 часот во с.Жилче, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Јегуновце го привеле Б.К.(30) од с.Жилче, тетовско, кој бил пријавен дека околу 22.00 часот во продажен објект во селото го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.