ПРВ.мк
Црна Хроника

Драма во Велешко: 16-годишно девојче исчезна во Вардар, сестра ѝ во паника повикала помош

Драма во Велешко: 16-годишно девојче исчезна во Вардар, сестра ѝ во паника повикала помош
Escape

Во попладневните часови денеска започна интензивна спасувачка акција во близина на селото Уланци, откако 16-годишно девојче исчезна во водите на реката Вардар.

Како што информира Центарот за управување со кризи, станува збор за два случаи со жени – една на 16 и една на 26 години. Потресен повик на бројот 112 стигнал во 16:42 часот од сестрата на девојчето, која во видно вознемирена состојба барала итна помош.

Од Велес веднаш била испратена медицинска екипа, а за случајот биле алармирани Министерството за внатрешни работи, Оперативниот центар на Генералштабот и Дирекцијата за заштита и спасување.

На терен е активна голема спасувачка мисија со чамци, а досега 26-годишната жена е пронајдена жива. Потрагата по 16-годишното девојче сè уште трае.

Надлежните ги повикуваат граѓаните да бидат внимателни и да ги следат безбедносните упатства.

Ask ChatGPT

Mia Home Mavrovo