Бојан Бошковски, зетот на трагично загинатиот Југослав Николовски, открива дека и покрај опасностите, на пешачката патека спроти Паркот на Франкофонијата сè уште се движат возила. Во моментот на несреќата, на тоа место имало над 30 деца кои се движеле безбедно, под надзор на Југо – човекот кој ги учеше на внимателност и правила на улица.
Трагедијата се случи токму под прозорецот на неговиот стан, на место кое треба да биде најзаштитено – пешачка зона со засилен сообраќај од пешаци и деца. Но, хаосот и небезбедноста кои владеат во градот не го поштедија ни него, кој сега стана симбол на незаштитеноста и секојдневниот ризик.
Фотографиите направени во само еден час ја потврдуваат алармантната состојба: возила непречено се движат по пешачката патека, што е опасен знак за сите што го користат овој простор. Министерството за внатрешни работи се соочува со голем предизвик за подобрување на безбедноста и заштитата на најранливите учесници во сообраќајот.