ПРВ.мк
Црна Хроника

СЛУЧАЈ ШТО ГО ПОТРЕСЕ СКОПЈЕ: Скопјанецот осомничен дека силувал дете - еве што бара обвинителството!

СЛУЧАЈ ШТО ГО ПОТРЕСЕ СКОПЈЕ: Скопјанецот осомничен дека силувал дете - еве што бара обвинителството!

Основно јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 58-годишен скопјанец, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – силување на дете кое не наполнило 15 години, казниво по член 188 став 1 од Кривичниот законик.

Според информациите, осомничениот на 15 април извршил обљуба врз 13-годишно девојче, а жртвата била и фотографирана.

Надлежен јавен обвинител презема истражни дејствија за обезбедување докази, а поради околностите кои укажуваат ризик од бегство, можност за влијание врз жртвата и други лица, како и можност за повторување на делото, обвинителството достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот 58-годишник.