ПРВ.мк
Црна Хроника

ДРАМА ВО БИТОЛА: Кражба во незаклучена куќа завршила со закани - еве со што им се заканувал!

ДРАМА ВО БИТОЛА: Кражба во незаклучена куќа завршила со закани - еве со што им се заканувал!
Kristal

Основното јавно обвинителство Битола отвори истражна постапка против 36-годишно лице за кривично дело „Разбојничка кражба“ според член 238 став 1 од Кривичниот законик.

На 15 декември, околу 02:00 часот, осомничениот влегол во незаклучена куќа на улицата „Елпида Караманди“ во Битола, пребарувал на катот и одзел 2.500 денари. Кога сопственикот го затекнал, осомничениот го нападнал физички и му се заканил со скалпел.

Јавниот обвинител поднел предлог до судијата на претходна постапка во Основниот суд Битола за определување мерка притвор за осомничениот.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape