ПРВ.мк
Црна Хроника

ТАЖНА МОЛБА ОД СЕМЕЈСТВОТО: Не ни судете, оставете ни мир!

ТАЖНА МОЛБА ОД СЕМЕЈСТВОТО: Не ни судете, оставете ни мир!
Kristal

Мајката и сестрата на Стивен, Александра и Саманта Ивановски, упатија јавен апел до граѓаните да престане ширењето на објави и коментари поврзани со неговата смрт, особено оние кои содржат осуди, навреди или неточни информации.

Тие појаснуваат дека во најтешките моменти од загубата, покрај болката, се соочиле и со погрешни толкувања и болни зборови во јавноста. Претходната објава за собирање донации, која предизвика бројни реакции, била направена исклучиво со добра намера од блиски членови на семејството во Македонија, во време кога не биле познати сите трошоци за погребот и дополнителните непредвидени обврски поврзани со правни постапки и документација.

„Намерата беше само да се помогне, без нивно барање и по иницијатива на блиски луѓе, а не да се создаде простор за јавна осуда или шпекулации“, истакнуваат тие.

Во пораката се наведува: „Без разлика каде живееме, болката за загубата на дете не познава граници, држави ниту финансиски претпоставки. Таа е иста, длабока и неиздржлива.“

Александра и Саманта изразуваат благодарност до сите кои покажале сочувство и поддршка, нагласувајќи дека семејството во овој момент се нуждае само од мир, тишина и достоинство за достоинствено испраќање на Стивен.

Тие апелираат да не се шират лаги, претпоставки или дезинформации и повикуваат јавноста да покаже почит кон болката на семејството.

FixCredit
Escape