ПРВ.мк
Црна Хроника

СЛУЧАЈ ШТО ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Битолчанец претепал и на сила држел 18-годишна матурантка - полицијата со шокантни детали!

СЛУЧАЈ ШТО ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Битолчанец претепал и на сила држел 18-годишна матурантка - полицијата со шокантни детали!

Основното јавно обвинителство во Битола поведе постапка против 40-годишен маж, за кого постои основано сомнение дека сторил кривични дела телесна повреда и противправно лишување од слобода, соопштија надлежните органи.

Според обвинителството, на 23 мај во раните утрински часови, осомничениот противправно ја лишил од слобода и физички ја нападнал 18-годишна девојка со која бил во блиски лични односи.

Инцидентот се случил кога девојката се враќала од матурска прослава, по што тој ја пресретнал со автомобил и ја натерал да влезе во возилото. Потоа, како што се наведува, ѝ го одзел мобилниот телефон и не ѝ дозволувал да го напушти автомобилот.

Кога успеала да излезе, осомничениот повторно ја нападнал, удирајќи ја и нанесувајќи ѝ телесни повреди, вклучително и крварење од носот. Девојката подоцна успеала да побара помош од случаен минувач.

Поради ризик од бегство и тежината на делото, како и претходни наводи за насилничко однесување, јавниот обвинител предложил определување мерка притвор, за што треба да одлучи надлежниот суд во Битола.

Најнови вести