ПРВ.мк
Црна Хроника

Трагедија: Мопед удри 13-годишно дете и побегна – малолетникот во тешка состојба

Трагедија: Мопед удри 13-годишно дете и побегна – малолетникот во тешка состојба

Во селото Лојане, на регионалниот пат кон граничниот премин Миратовац, синоќа околу 21:10 часот се случила сообраќајна несреќа кога мопед удрил 13-годишно дете.

Наместо да помогне, возачот со мопедот избегал од местото, оставајќи го малолетникот во тешка состојба. Детето веднаш било пренесено во Општата болница во Куманово, каде што лекарите констатирале сериозни повреди.

Полицијата извршила увид и интензивно работи на пронаоѓање на возачот кој ја предизвикал несреќата.

Оваа случка предизвика вознемиреност кај мештаните, кои бараат почести полициски контроли и поголема безбедност за најмладите на улиците.

Escape