Осумнаесетгодишен мотоциклист загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на улицата „Адем Демачи“ во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Несреќата била пријавена на 13 март 2026 година околу 15:20 часот во СВР Скопје. Во неа учествувале мотоцикл „Пијаџо Беверли“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Љ. (18), патничко возило „Фиат“ управувано од Д.Т. (20) и патничко возило „Пежо 307“, кое го управувал А.Б. (35), сите од Скопје.
Во несреќата мотоциклистот починал на местото на настанот, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.
На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а по насоки на обвинителот телото на починатиот е предадено на обдукција.


















