ПРВ.мк
Црна Хроника

ХОРОР ВО СВЕТИ НИКОЛЕ: Бремена девојка нападната и држена заклучена 15 часа - еве во каква состојба ја пронашле!

ХОРОР ВО СВЕТИ НИКОЛЕ: Бремена девојка нападната и држена заклучена 15 часа - еве во каква состојба ја пронашле!
Kristal

Основното јавно обвинителство во Свети Николе експресно презеде дејствија за обезбедување докази и поднесе обвинение против 21-годишно лице за кривични дела нанесување телесна повреда при семејно насилство и противправно лишување од слобода, казниви според член 130 став 2 во врска со став 1 и член 140 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Според обвинението, на 19 и 20 февруари, во семејната куќа во Свети Николе, обвинетиот при вршење семејно насилство ја ограничил слободата на движење и физички ја нападнал својата бремена девојка, со која живеел во семејна заедница.

Како што информира Обвинителството, тој најпрво ја навредувал, а потоа физички ја нападнал. По нанесените удари, девојката изгубила свест, по што обвинетиот ја однел во бањата и ја освестил со ладна вода. Насилството продолжило, при што повторно и биле нанесени повеќе удари по главата и телото.

Оштетената се здобила со повеќе телесни повреди. Кога се обидела да избега, обвинетиот и го одзел мобилниот телефон и ја заклучил во спалната соба, каде ја држел околу 15 часа спротивно на нејзината волја.

Јавниот обвинител, заедно со обвинението, доставил и предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Во тек се дополнителни проверки за евентуални други злоупотреби од истото лице кон оштетената, кои произлегуваат од нејзиниот исказ даден пред јавниот обвинител.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo