Во Кавадарци, во едно казино, вербална расправија завршила со брутална тепачка и смрт на маж кој бил нападнат од тројца познаници. Двајца 27-годишници и еден 35-годишник по расправијата излегле надвор и започнале да го удираат жртвата со тупаници и клоци по телото и главата. Иако тој се обидел да се врати во казиното, паднал во несвест, а подоцна починал од тешките повреди.
Обвинителството веќе покрена постапка и нареди психијатриско вештачење за да се утврди дали осомничените биле свесни кога го извршиле злосторството. Доколку се покаже дека имале намера да го лишат од живот, делото може да биде преквалификувано во убиство.
Тројцата по инцидентот не се предале на полицијата, туку се сокриле во стан на еден од нив, поради што обвинителот побара притвор за сите, стравувајќи од бегство и прикривање на докази.