ПРВ.мк

19-годишник во Кочани нападнал со нож постар маж, поради сериозноста на повредите пренесен на скопските клиники

19-годишник во Кочани нападнал со нож постар маж, поради сериозноста на повредите пренесен на скопските клиники
Jumbo Banner

На 22.04.2025 во 20.45 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода А.А.(19) од с.Зрновци, кочанско, постапувајќи по претходна пријава дека во с.Зрновци со остар предмет го нападнал и му нанел убодна рана на В.Г.(53) од Кочани.

На В.Г. му била укажана лекарска помош во болницата во Кочани, по што поради сериозноста на повредите бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

А.А. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран