ПРВ.мк

Српската пејачка за Пулс”: Мислевме дека сме ја згрешиле адресата кога видовме како изгледа

Српската пејачка за Пулс”: Мислевме дека сме ја згрешиле адресата кога видовме како изгледа
Jumbo Banner

Трагедијата која се случи во дискотеката “Пулс” во Кочани, каде што загинаа 59 лица, а околу 200 се повредени и се лекуваат во земјата, регионот и странство, ја потресе цела Македонија и Балканот.

Српската пејачка Марија Микиќ ја изрази својата длабока потресеност по оваа трагедија, во која за жал загинаа многу млади животи, а многу семејства останаа во жалост.

Марија, која претходно настапувала во дискотеката која изгоре, сподели спомен од своето искуство во едно гостување, раскажувајќи како изгледал “Пулс”.

„Видовме дека животот е само момент… Гласот ми застана додека зборувам за ова… Во некои весници се појави веста дека и јас настапувам, па мајка ми беше испаничена и ме бараше да праша каде сум била таа кобна ноќ. Не знаеа како се вика дискотеката“, раскажа пејачката.

Таа додаде дека пред една година имала настап во „Пулс“ и сподели искрен впечаток: „Ќе бидам потполно искрена… Кога дојдовме пред клубот, мислевме дека сме ја згрешиле адресата. Кога ќе влезеш внатре, изгледа како вселенски брод. Огромна спротивност на тоа што го видовме надвор. Публиката беше прекрасна, енергијата беше фантастична, што не очекував од едно мало место како Кочани. Но, навистина се наежив целосно.“

Пејачката изрази и длабоко сочувство: „Сè уште не можам да испроцесирам што се случило. Не сакав ни да гледам на Инстаграм, жално… Изразувам најдлабоко и искрено сочувство до Македонија“, изјави таа.

Таа откри дека имала закажан настап во Македонија за април, но настапот бил откажан: „Не знам како ќе застанам на бина и како ќе им се обратам на луѓето“, заклучи Марија во емисијата „Интригантно“.

Трагедијата во дискотеката однесе 59 животи, меѓу кои и малолетници, а по пожарот беше прогласена седумдневна жалост.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран