ПРВ.мк

Словенија станува втората држава во Европа која направи драстичен потег, дали Македонија треба да биде следна?

Словенија станува втората држава во Европа која направи драстичен потег, дали Македонија треба да биде следна?
Jumbo Banner

Словенија ќе стане втора европска земја која ќе забрани фрлање храна во трговските ланци.

Новиот закон предвидува дека храната која е пред истекување или уште е во добра состојба, наместо да се фрли, ќе биде донирана на хуманитарни организации.

Како што пренесува Агроњуз, Франција во 2019 година го донесе законот кој наметнува забрана за супермаркетите, големите дистрибутери на храна и производителите да фрлаат храна која се уште е добра за консумирање, а Словенија наскоро ќе го следи тој пример.

Според извештајот на Обединетите нации, во 2022 година во светот биле фрлени околу 19% од глобално произведената храна, што изнесува околу 1,05 милијарди метрички тони.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран