ПРВ.мк

Семакедонски собир во Mелник: 110 години од убиството на Пиринскиот цар – Јане Сандански

Семакедонски собир во Mелник: 110 години од убиството на Пиринскиот цар – Јане Сандански
Jumbo Banner

Под силно полициско обезебдување во Мелник се одбележаа 110 години од убиството на Царот на Пиринот Јане Сандански. 

На семакедонски традиционален собир во негов спомен присуствуваа и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Сајковски, Ковачки и Мицевски, кои на фејсбук објавија:

„Македонски национален херој, војвода и водич на Македонската револуционерна организација, кој до крајот на својот живот останал да се бори за самостојна Македонска држава“. 

Но, не секој што сакал да присуствува на собирот, успеал да помине граница. Професорот на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Тихомир Стојановски тргнал за Мелник, ама стигнал само до граница. Тврди дека Бугарите му забраниле влез со објаснување дека претставувал закана за безбедноста на државата. 

Им порача на бугарските политичари да ги признаат Македонците.

Инаку, бугарските медиуми изминатите денови пишуваа дека на Фејсбук се шири масовна кампања за присуство на Македонц во Мелник. НОВА.БГ сподели дека се очекувало во Мелник за чествувањето на Јане Сандански да пристигнат неколку автобуси, со како што пишуваат, антибугарски настроени Македонци. 

„Тежок пристапот до соборот Мелник под блокада на бугарската полиција. Проверка од чувари на коли и на документи“, предупреди вчера и Атанас Кираков, претседател на градскиот комитет на Илинден во Благоевград. 

Но, сепак денешниот собир помина без провокации

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран