ПРВ.мк
Балкан

НЕВРЕМЕ ГО ПОГОДИ БАЛКАНОТ: Црвен аларм во Словенија, поплавен Мостар, најлошото допрва доаѓа!

НЕВРЕМЕ ГО ПОГОДИ БАЛКАНОТ: Црвен аларм во Словенија, поплавен Мостар, најлошото допрва доаѓа!
Kristal

Силно невреме го зафати регионот, при што најкритична состојба има во Словенија, каде е активиран црвен метео-аларм поради урагански ветрови.

Според најавите, ударите на ветерот може да достигнат и до 140 километри на час, што веќе предизвикува сериозни проблеми – корнати дрвја, оштетени покриви и прекини на електрична енергија. Во некои делови, ветерот превртел и камион, а дрвја паѓале врз возила во движење.

Метеоролошките служби предупредуваат дека опасните услови ќе траат најмалку 36 часа, особено во северните и алпските делови на земјата. Граѓаните веќе добиваат итни предупредувања преку мобилни телефони.

Во Босна и Херцеговина, силното невреме предизвика поплави во Мостар, каде улиците за кратко време беа под вода. Во јужните делови на земјата, како Неум и Меѓугорје, имало град и силни грмежи.

И Хрватска е погодена од нагла промена на времето – во Горски котар паѓа снег, а долж крајбрежјето дува силна бура. Поради временските услови, воведени се ограничувања за сообраќај, особено за товарни возила.

Во Риека, силниот ветер создава проблеми во пристаништето, каде контејнер паднал во море, а две лица се повредени и пренесени во болница.

Надлежните апелираат граѓаните да бидат внимателни, да избегнуваат движење на отворено и да ги обезбедат предметите кои ветерот може да ги однесе, бидејќи се очекува невремето дополнително да се интензивира.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo