ПРВ.мк
Балкан

Грција попушта – Летово без целосна примена на ЕЕС системот! - еве за кого важи

Грција попушта – Летово без целосна примена на ЕЕС системот! - еве за кого важи

Добри вести за српските туристи кои летово ќе патуваат во Грција – новиот дигитален систем за влез во ЕУ, познат како EES (Entry/Exit System), нема целосно да се применува на граѓаните на Србија во шпицот на сезоната.

Иако нема официјален документ за суспензија, генералниот конзул на Србија во Солун, Јелена Вујиќ Обрадовиќ, потврди дека од 1 јуни до 30 август системот ќе биде ограничен. Во пракса, тоа значи дека во периоди на најголем метеж контролата ќе се сведе на основна проверка на документите, без задолжителни биометриски процедури кои предизвикуваат долги редици.

Причината е јасна – воведувањето на ЕЕС уште од стартот доведе до подолги чекања на границите, а Грција, како една од најпосетените туристички дестинации, мора да обезбеди проточност и да избегне колапс на премините.

Директорот на ЈУТА, Александар Сеничиќ, откри дека Грција усно ветила на српската делегација дека нема да има целосна примена на системот за време на летната сезона. Дополнително, се планира отворање на максимален број премини и проширување на лентите – од шест на десет, како и посебни ленти за автобуси, за да се забрза протокот на патници.

ЕЕС е нов дигитален систем кој предвидува земање отпечатоци и фотографирање на патниците, заменувајќи го досегашното удирање печати во пасошите. Но ова лето, српските туристи ќе минуваат полесно – барем до крајот на август.