ПРВ.мк
Балкан

Аларм во соседството: Десетици илјади заболени!

Аларм во соседството: Десетици илјади заболени!
Kristal

Хрватска се соочува со сериозен демографски и здравствен предизвик – населението забрзано старее, а со тоа расте и бројот на луѓе погодени од Алцхајмеровата болест. Според најновите проценки, повеќе од 22 проценти од жителите се постари од 65 години, додека околу 70.000 лица живеат со ова тешко невродегенеративно нарушување.

Алцхајмеровата болест, која предизвикува постепено губење на меморијата, когнитивните способности и самостојноста, почесто се јавува кај жените. Иако медицината сè уште нема лек, експертите нагласуваат дека превенцијата и раната детекција се клучни.

Во текот на минатата година, околу 2.000 пациенти биле опфатени со прегледи и третмани во дневната болница и амбулантата на Клиничката болница во Загреб. Невролозите советуваат контрола на крвниот притисок, шеќерот и маснотиите, редовна физичка активност, одржување на здрава телесна тежина, како и грижа за слухот и видот кај постарите лица.

Современата дијагностика овозможува откривање на биолошки траги на болеста дури и кај лица без изразени симптоми, па дури и преку анализа на крв. Сепак, лекарите предупредуваат дека резултатите мора внимателно да се толкуваат и секогаш да се поврзат со клиничката слика.

Иако болеста сè уште се смета за неизлечива, новите научни истражувања носат надеж. Американски и хрватски научници истражуваат механизми кои можат да го забават или променат текот на болеста, со фокус на обновување на рамнотежата во мозокот и создавање нови невронски врски – чекор што може да значи пресврт во иднината на третманите.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo