ПРВ.мк
Балкан

Трагедија во Италија: 12-годишно девојче го загуби животот во Јадранското Море

Трагедија во Италија: 12-годишно девојче го загуби животот во Јадранското Море
Escape

Тешка трагедија ја потресе Италија, откако 12-годишно девојче се удави во Јадранското Море, во близина на централниот дел на Пескара. Според првичните информации, девојчето нуркала заедно со свои врсници на јавна плажа, но за разлика од другите, таа не излегла на површина.

Загрижен пливач кој ја забележал нејзината невообичаена отсутност веднаш повикал помош. Во акцијата за спасување беа вклучени крајбрежната стража, нуркачи од противпожарната служба, локалната полиција и медицински екипи, кои со часови го пребаруваа морето.

Противпожарен хеликоптер со нуркачи на крајот го лоцирал телото на девојчето, кое според информациите доживеало срцев удар во водата.

И покрај обидите за реанимација и итен транспорт до болница, лекарите не успеале да ја спасат.

Девојчето починало кратко по пристигнувањето во болничкиот центар.

Оваа несреќа уште еднаш потсетува на важноста од зголемена претпазливост и надзор при престој на море, особено кај младите.

Mia Home Mavrovo