Од денес, Националниот парк Шар Планина е нова членка на Мрежата Паркови на Динаридите, организација која обединува заштитени планински подрачја од осум земји и брои вкупно 105 членки.
Приемот на паркот беше официјализиран на Седмата меѓународна конференција на Парковите на Динаридите, одржана во Подгорица, под мотото: „Глобални и европски перспективи на заштитените подрачја во регионот“. Од управата на паркот истакнуваат дека членството претставува важно признание и дополнителен мотив за унапредување на управувањето со подрачјето.
Милорад Андријески од управата на паркот посочи:
„Особено го истакнувам тоа што со колегите од соседните држави разменивме искуства, што говоревме за добрите и лошите моменти во управувањето со заштитените подрачја.“
Членството во оваа мрежа ќе овозможи интензивна размена на знаења, добра пракса и меѓународна соработка, со цел подобра заштита на природните ресурси, биодиверзитетот и одржливиот развој на планинските области во регионот.

















