ПРВ.мк
Топ Вести

ВНИМАВАЈТЕ: Се шират нови измами – пензионер измамен со голема сума, еве што му ветувале!

ВНИМАВАЈТЕ: Се шират нови измами – пензионер измамен со голема сума, еве што му ветувале!
Kristal

Скопјанец на 64 години пријавил дека бил измамен за вкупно 1.300 евра, пари што ги дал верувајќи дека ќе му „средат“ социјална помош за него и за неговата сопруга.

 Тој дал 300 евра на Ф.А. од Скопје, кој ветил дека ќе помогне да добие социјална помош. По неколку месеци, пристигнало решение – барањето било одбиено.

Измамата продолжила и по една година, кога истиот Ф.А. повторно побарал пари, овојпат 1.000 евра, објаснувајќи дека ќе „среди“ социјална помош за сопругата на пријавителот. Парите му биле дадени на жена испратена од Ф.А., по што контактот со него целосно исчезнал.

Полицијата веќе работи на идентификација и расчистување на случајот, а граѓаните се предупредени да бидат внимателни и да не доверуваат пари за ветувања од ваков вид.

FixCredit
Atensa 300
Escape