ПРВ.мк
Топ Вести

ГРАЃАНИТЕ РЕВОЛТИРАНИ: Во Скопје се продава стан за пола милион - дали цените во Скопје ја надминаа реалноста?

ГРАЃАНИТЕ РЕВОЛТИРАНИ: Во Скопје се продава стан за пола милион - дали цените во Скопје ја надминаа реалноста?
Kristal

На социјалните мрежи вниманието го привлече оглас за продажба на четворособен стан во скопската населба Кисела Вода, лоциран во зградата „Адора Флатирон“. Станот се нуди по цена од половина милион евра, при што паркинг-местото не е вклучено и се доплаќа дополнителни 12.000 евра. Медијаната цена по квадрат достигнува околу 3.800 евра.

Според огласот, станот има 202 м² внатрешна површина, 70 м² балкон и 60 м² отворена тераса, со три спални соби, три тоалети, дневна, кујна и трпезарија. Сопствениците нудат и две гаражни места на -2 ниво, по 15.000 евра секое.

Огласот предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Граѓаните најчесто негодуваат поради цената која, според нив, не соодветствува на квалитетот на живот во тој дел од градот. Дел од корисниците сметаат дека високата цена не го оправдува ентериерскиот стандард:

„Скапиот мебел не значи луксуз. За некого тоа е само скап ентериер, а не луксузно опремен стан. Овде единственото луксузно е цената.“

Други истакнуваат проблеми со урбанистичкиот хаос во населбата:

„Тесни улици, неподнослива гужва, смрдеа, згради од сите страни. За викенд ништо не работи, па и за леб мораш до трговски центар. Плус, долу има казино – небезбедно е. Каков луксуз?“

Според официјалните податоци на Регистарот на цени и закупнини, во периодот април–јуни годинава на македонскиот пазар биле потрошени 265,2 милиони евра за недвижности, од кои 112 милиони евра за купување станови. Најскапиот стан продаден во тој период достигнал околу 250.000 евра за 96 м² во Центар, со вредност од 2.700 евра по квадрат.

Просечната цена по метар квадратен е највисока во Центар – над 1.600 евра, додека најевтините квадрати се во Струмица, со околу 1.000 евра по квадрат пониска цена. Во практика, огласите во Скопје често достигнуваат и до 3.000 евра по квадрат

FixCredit
Atensa 300
Escape