ПРВ.мк
Топ Вести

НАТО алармира: Русија активна на Балканот – што значи ова за регионот?

НАТО алармира: Русија активна на Балканот – што значи ова за регионот?
Kristal

Заменик-генералниот секретар на НАТО, Радмила Шекеринска, предупреди дека Алијансата внимателно ги следи обидите на Русија да влијае врз внатрешните процеси во Босна и Херцеговина и поширокиот регион на Западен Балкан. Таа оцени дека ваквите дејствија се дел од „рускиот модел на хибридно делување“, кој користи политички и социјални механизми за создавање поделби и нестабилност.

„Сведоци сме како хибридните активности создаваат поделби, поттикнуваат сецесионистичка реторика и отвораат нови расцепи во општествата. Ние го следиме тоа“, изјави Шекеринска, додавајќи дека овој модел не е ограничен само на Балканот, туку се забележува и кај други партнери на НАТО во Европа.

Таа истакна дека Алијансата останува посветена на стабилноста на регионот, потенцирајќи ја важноста на модернизацијата и одржливото финансирање на Оружените сили на БиХ (ОСБиХ). НАТО веќе обезбеди опрема и специјализирани возила за ОСБиХ преку програмата за зајакнување на одбраната (DCB), со поддршка од Словенија, но Шекеринска предупреди дека оваа помош мора да биде дополнета со стабилно домашно финансирање.

Во врска со политичките процеси, таа испрати порака до лидерите на БиХ дека компромисите, иако често тешки, се неопходни за стабилност и предвидливост. „Граѓаните очекуваат вистински исчекори, а не повторување на старите проблеми од последните три децении“, истакна Шекеринска.

Со ова, НАТО ја потврди својата будност и подготвеност да ги заштити стабилноста и безбедноста на регионот, особено во услови на сè поагресивни хибридни влијанија.

FixCredit
Atensa 300
Escape