На атинскиот аеродром „Елефтериос Венизелос“ откриена е пратка од Дубаи која содржела вкупно 1.680.000 парчиња цигари, односно 8.400 штеки, за кои не биле платени царини и даноци во вредност од над 340.000 евра, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) соопштија дека ова е една од најголемите количини цигари без царина и даноци некогаш откриени во земјата, а во моментов се спроведува прелиминарна истрага за идентификација на примачот на пратката.
– При насочените контроли, инспекторите во магацин за привремено складирање откриле 169 картонски кутии од Дубаи. Физичката проверка покажала дека секоја содржи цигари за кои не биле платени предвидените царини и даноци, соопштија од ААДЕ.














