Сите 20 членови на екипажот на турскиот воен транспортен авион Ц-130 загинаа во несреќата што се случила на границата меѓу Грузија и Азербејџан, соопштија турските власти.
Авионoт полетал од Азербејџан и се враќал кон Турција, кога се урнал, пренесуваат турските медиуми преку Министерството за одбрана.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази „длабока тага“ и сочувство до семејствата на загинатите. „Со Божја волја, ќе го надминеме овој пад со минимум страдање. Во нашите молитви сме со нашите маченици“, рече Ердоган.
Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев исто така упати сочувство до Ердоган и семејствата на жртвите.
Оваа несреќа претставува голема загуба за турските вооружени сили, а причините за уривањето сè уште се истражуваат.
















